Гласните и непријатни соседи можат да претставуваат вистинска мака – освен ако не се впуштаат во комично гласен секс, бидејќи во тој случај може да биде доста забавно, всушност. Триесет и осумгодишната Стејси Рицен си била во својот дом во Филаделфија, САД, за време на ручек, кога наеднаш слушнала неверојатно гласни стенкања и врисоци од нејзината сосетка врата до врата. Иако се обидувала да работи на својот компјутер (таа работи од дома како блогерка и писателка), секс звуците почнале толку многу да ѝ го одвлекуваат вниманието, што таа решила да направи мала пауза и да ги сподели звуците на занес на својот профил на Твитер.
„Кој сака да ги слушне моите ужасни соседи додека имаат крајно гласен секс?“ напишала Стејси на Твитер, прикачувајќи звучен запис во траење од триесет секунди. Писателката признава дека не била изненадена од ситуацијата, бидејќи ова не се случува прв пат. „Всушност, ова се случува постојано, и ако ова го прави само за да ме нервира, доста се труди околу тоа.“
Стејси се внела во својата сеанса на демнење, и открила дека нејзината сосетка има сексуален однос со друга жена, којашто е возач на училишен автобус.
Најпосле врисоците престанале, и Стејси си помислила дека конечно може да се врати на својата работа, кога по дваесет минути пак започнало.
„О Боже…Пак почна“, напишала Стејси. „КОЛКУ ОРГАЗМИ МОЖЕ ДА ДОЖИВЕЕ ЕДНА ЖЕНА? За ваша информација, мојата видео камера прекина дел од последново, па звучи како да убиваат некого. Ве уверувам дека тоа не е така.“
Иако се чини дека Стејси го прифаќа ова со доза на хумор, сепак додава дека веќе ѝ се смачило од еротските дивеења на нејзината сосетка. „Мислам дека ова е знак дека треба да сторам нешто“, заклучува таа.