Еве позитивни вести какви што не се слушаат секој ден! Фудбалските ѕвезди од Манчестер Јунајтед , Гери Невил и Рајан Гигс, купиja зграда во Велика Британија којашто планираат да ја реновираат и се согласиja да им дозволат на група бездомници да им биде привремено живеалиште за време на студената зима.

mnc01

Како што известува Би-Би-Си, „добрите Самарјани“ неодамна ја купиле зградата во вредност од 1.5 милиони фунти и планираат до пролетта да ја трансформираат во луксузен хотел. Но за време на зимата ќе ѝ дозволат на организацијата „Ангели од Манчестер“ која се грижи за бездомници да засолни триесет млади бездомници. Организацијата планира да доведе и социјални службеници кои би можеле да им обезбедат соодветна грижа на бездомниците, како советување и здравствена нега.

Вес Хол, еден од бездомниците активисти за Канал 4 изјавил дека избувнал во солзи кога му се јавил Невил, тренерот на Манчестер Јунајтед.

„За нас, тоа е прашање на живот и смр; ова може да спаси нечиј живот за време на зимата“, вели тој.

mnc02

Со оглед на тоа дека со градежните работи нема да се почне сѐ до февруари, „Ангелите од Манчестер“ планираат да го користат просторот за привремено прибежиште за бездмниците кои таму би се засолниле од студот. За возврат, тие ќе ја одржуваат зградата и ќе водат документација за тоа, со цел да ја остават во подобра состојба од таа во која ја затекнале.

Сподели на Facebook
пати видено