Маргарет Хамилтон го предводела тимот кој го напишал софтверт со помош на кој човекот слетал на месечината. Нејзиното име не е многу познато, но една слика со неа со сигурност е.

hm01

Сите некаде сме ја виделе оваа фотографија: млада жена стои до куп книги висок речиси колку и неа. Ова е Маргарет Хамилтон, која го држи компјутерскиот код кој таа помогнала да се напише, а кој го насочувал Аполо 11 при слетувањето на месечината. И не само тоа, туку нејзиниот код ја спасил целата мисија. Хамилтон била пионер во компјутерската наука, и ова е нејзината приказна.

hm02

Хамилтон својата кариера ја почнала во 1960 година, кога компјутерите биле чудовишни нешта големи колку цела соба. Таа планирала да дипломира на тема од апстрактната математика, но наместо тоа се вработила во Масучестскиот Институт за Технологија (МИТ), развивајќи софтвер за предвидување на временските обрасци. Работела на PDP-1, компјутер со капацитет на процесирање како џебен кљлкулљтор од деведесеттите.

hm03

Потоа Хамилтон работела во лабораторијата на Одделението за одбрана при МИТ, пишувајќи софтвер за потрага и детектирање на непријателските летала. Таа го напишала софтверот за првиот AN/FSQ-7 компјутер, најголемиот компјутер кој воопшто бил изграден. Хамилтон ја учела компјутерската наука на самото работно место, бидејќи дисциплината тогаш сѐ уште не била ни дефинирана.

hm04

Две години подоцна, Хамилтон почнала да работи на вселенската мисија Аполо. Таа станала главниот дизајнер за софтверот за летање на Аполо, и токму таа го сковала изразот „софтверски инженер“. Немало софтвер кој да им помогне на астронаутите да слетаат на месечината, па Хамилтон и нејзиниот тим го напишале.

Во подоцнежно интервју, Хамилтон го опишала нејзиното искуство. „Бидејќи софтверот во тоа време беше мистерија, црна кутија, од управата ни дадода целосна слобода и доверба. Моравме да изнајдеме некакво решение и го ајдовме. Гледајќи наназад, ние бевме најсреќните луѓе во светот; немаше друг избор освен да се биде пионер – немаше време за почетници.“

hm05

Хамилтон знаела колку е важен софтверот за успешно слетвање на месечината, па така таа развила систем со повеќе резервни можности. Таа создала концепт на приоритетни дисплеи, кои можеле да ги спречат астронаутите да внесат команда која би предизвикала паѓање на системот.

hm06

Токму тоа се случило само три минути пред слетувањето на месечината. Софтверот отфрлил рачно внесена команда, грешка во прирачникот според кој Нил Армстронг и Баз Алдрин се раководеле. Бил активиран радарски систем кој не бил потребен за слетувањето, и тоа можело да го преоптовари компјутерот. Благодарение на концептот на Хамилтон за распоредување на приоритети, спуштањето на месечината било успешно.

hm07

Благодарение на издржливиот код на Хамилтон, во ниедна од Аполо мисиите со човечки екипаж не се јавил софтверски проблем. Таа продолжила да работи за НАСА се до 1976 година, развивајќи го и системскиот софтвер за Скајлаб, првата вселенска станица на НАСА.

hm08

Во 2003 година, НАСА формално ѝ оддала признание на Хамилтон за нејзината револуционерна работа. „Концептите кои таа и нејзиниот систем ги создадоа станаа градивни елементи во современото софтверско инженерство“, изјавиле од агенцијата. „Чест е да ѝ се оддаде признание на г-ѓа Хамилтон за нејзиниот исклучителен придонес за НАСА.“

hm09

Во 1988 година, Маргарет Хамилтон ја основала својата сопствена компанија „Хамилтон Технологии“. Основата за компанијата е Универзалниот системски јазик, компјутерскиот јазик кој таа го развила за Аполо мисиите.

Ете, било потребно една фотографија да стане вирална, за да се дознае за ХАмилтон, научник-иноватор, која ја спасила мисијата Аполо и основала цела една дисциплина.

Сподели на Facebook
пати видено