Маж оди на работа со едното око помодрено.
– Кој те нашминка така? – го прашуваат неговите колеги.
– Жена ми.
– Зошто?
– Па затоа што ѝ се обратив на ти.
– Глупости! Тоа не може да е причина за да ти го помодри окото. Кажи како точно се случи?
– Па си легнуваме ние сношти во креветот и таа вели „Ние одамна не сме воделе љубов.“ А јас ѝ велам „Не ние, туку ти.“