Шефот на компанијата Gravity Payments од Сиетл, Ден Прајс, направил еден сосема неочекуван потег кој изненади многу луѓе во бизнис светот. Тој си ја намалил сопствената плата од 1,1 милион долари годишно на само 70.000 годишно, за да може на сите вработени да им ја покачи платата на минимум 70.000 долари годишно. Сега шефот зема минимална плата како и повеќето од неговите 120 вработени. Вработените собраа пари и му изразија благодарност на шефот за ваквиот неочекуван потег.