Околу 35% од земјите во светот возат од левата страна и тоа најчесто се стари британски колонии. Овој чуден избор го збунува остатокот од светот, но има добра причина зошто ова се случило.

Во минатото скоро сите патувале од левата страна, затоа што тоа било најлогичното нешто за феудалните, насилни општества. Поради тоа што поголемиот број на луѓе се десничари, на мечувачите им било полесно да се движат од левата страна за да можат да напаѓаат од десната со мечот кон противникот. Покрај тоа ваквото движење ги намалувало шансите случајно да удрат некого со големиот штит кој го носеле од левата страна. Исто така на десничарите им е полесно да се качат од левата страна на коњот, особено ако носеле меч.

Меѓутоа, кон крајот на 1700-тите, работници во Франција и САД почнале да ги пренесуваат земјоделските производи во големи вагони кои што биле влечени од неколку пара коњи. Овие вагони немале возачко седиште, туку возачот седнувал на коњот од левата страна за да може да ги камшикува останатите коњи од десна страна, со десната рака. Бидејќи седеле од левата страна, нормално сакале сите да преминат од левата страна, за да можат да гледаат надолу и да ги одбегнува тркалата од вагоните. Затоа тие се движеле од десната страна на патот.

Во Русија, во 1709 година, данскиот пратеник на царот Петар Велики го забележал широко распространетиот обичај за сообраќајот во Русија од десната страна, а во 1752 година царицата Елизабета издала закон за движење од десна страна. Пред француската револуција благородниците се движеле од левата а селаните од десна страна, но по започнување на револуцијата за да не привлекуваат внимание и благородниците се движеле од десна страна. Во 1794 година во Париз беше воведено официјално правило за десната страна, веднаш по Данска во 1793.

Наполеон го вовел правилото за возење од десна страна во повеќето земји кои биле под негова власт, но не и Британија. Британија не го следела трендот кој го зафатил светот и таа и нејзините колонии се движеле од левата страна. Во 1960тите и Велика Британија размислувала да го смени правецот на движење, но конзервативните сили го избришале планот, кој исто така би чинел милијарди фунти. Јапонија ако не е колонија на Англија сепак движењето на автомобилите се одвива од левата страна. Денес, само четири европски земји се уште се движат од лево: Велика Британија, Ирска, Кипар и Малта. Подолу е прикажана листата на земји, од кои оние со зелена боја се движат од десната страна на патот, а со жолта од левата.

На 7 септември 2009 година, Независната држава Самоа, станала трета земја во светот која што го променила возењето од десно на лево, тоа било направено за да можат да с еувезуваат ефтини автомобили од Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.

Сподели на Facebook
пати видено