На секои 23 жители во Јапонија има по еден автомат за храна, пијалаци и сл. Една од причините е тоа што Јапонците се опседнати со технологија и роботика и попрво би сакале робот да ги служи отколку човек. Втората причина е скапата работна рака во Јапонија. Ако купиш од продавница, треба да го платиш и трудот на продавачот. Од тие причини, сѐ што може да биде автоматизирано во Јапонија, е автоматизирано. Дури и такси возилата имаат автоматски врати што возачот ги отвора/затвора на копче. Последната причина е големото количество на метални пари кои се во оптег, а највредната е од околу 250 денари. Нема поголемо задоволство од тоа да ги испразниш џебовите во некој автомат :).