Дали некогаш сте имале потешкотии да се наспиете во хотел или во некое непознато место? Научниците откриле дека половина од вашиот мозок останува буден кога се обидувате да заспиете во непозната средина. Според истражувачите од Брауновиот универзитет, ова е често одбранбено однесување кое луѓето го споделуваат со бројни други видови, вклучтелно и птиците и морските цицачи.
Одговорот лежи во способноста на нашиот мозок да остане буден додека ние спиеме, па така ако се приближи некаква опасност, да можеме да се разбудиме и да ја избегне, нешто што почесто се случува во непознати средини отколку кога спиете во вашиот сопствен кревет дома. За време на претходни експерименти, научниците забележале дека субјектите кои за првпат спијат во лабораторија имаат поиспрекинат сон отколку наредните ноќи.
„Веќе подолго време знаеме дека некои морски цицачи како долфините, некои фоки како и многу птици спијат со половина мозок буден“, вели д-р Нилс Ратенборг.
„Кога спиеме во нова средина и не знаеме колку предатори има наоколу, има смисла дел од мозокот да биде буден и чувствителен на ненадејните звуци наоколу.“