Се чини дека опсесивно-компулсивното растројство е најтренди болеста за која во последно време можете да се пофалите дека ја имате. Тешкото психолошко нарушување може да биде поразително, предизвикувајќи непријатни мисли исполнети со анксиозност како и повторувачки однесувања и опсесивни навики, како постојано миење на рацете или проверување дали вратата и прозорците се заклучени.
Славните личности, се разбира, не се имуни на менталните болести и некои навистина страдаат од ова нарушување – но многумина признаваат дека „самите си поставуваат дијагноза“ и разговараат за умствената болест толку безгрижно како да зборуваат за последната мода на диета.
Психијатарот д-р Макс Пембертон вели дека не е во ред да се тривијализира нарушувањето со користење на истото како начин да се направите поинтересни или понеобични. Еве само неколку од ѕвездите кои велат дека се опсесивно-компулсивни за најралични работи, од радијата во нивните автомобили до лакирањето на нивните нокти. Со некои ќе сочувствувате, но со други можеби и не толку.
Пол Холивуд многу сака да си го мие спортскиот автомобил
„Се прашувам дали не го сакам тоа малку премногу. Ако забележам гребнатинка, срцето ми потскокнува. Гребнатината стои таму свртувајќи ми го умот – ја упропастува колата. Тоа е опсесивно-компулсивно нарушување. Јас сум опседнат со својот Астон“.
Камерон Диаз и валканите кваки
Дали некогаш сте се обиделе да отворите врата со вашиот лакт? За Камерон Диаз наводно не постои друг начин да отвори врата, бидејќи панично се плаши од бацили и бактерии.
Џејн Хорокс ги брои своите трепкања
Хорокс минувала часови свесно броејќи колку пати ќе трепне. Но, тврди дека нејзиното мајчинство ги елиминирало симптомите.
Шарлиз Терон – хаотични шкафови
Оскарката Шарлиз вели: „Мислам дека имам сериозен проблем – опсесивно-компулсивно нарушување. Не бројам работи или така нешто. Немам проблем со хаосот, но не ми се допаѓа кога хаосот е скриен. Па така, имам проблем кога луѓето се неуредни и само ќе напикаат нешто во шкафот и потоа ќе ја затворат вратата. Ќе лежам така во креветот не можејќи да заспијам бидејќи се грижам – мислам дека видов нешто во тој шкаф на коешто таму не му е местото.“
Емили Блант ц`цка на улични светилници
Ѕвездата од „Ѓаволот носи прада“ е загрижена дека го има психолошкото нарушување, кое го имала уште како дете, а се манифестира со ц`цкање покрај секој уличен светилник.
Дејвид Бекам, симетрични лименки кока-кола
Бекам има потреба сите лименки со сок во неговиот фрижидер да бидат во совршен симетричен ред, и ако на едната страна има повеќе, вишокот го преместува на другиот крај.
Серена Вилијамс – пет потскокнувања на топчето
Тениската ѕвезда ги врзува врвките на специфичен начин и топчето го потскокнува пет пати пред првиот сервис и два пати пред вториот.
Леонардо ди Каприо – стапнување на секоја пукнатина
Филмската ѕвезда има опсесивна да стапне на секоја пукнатина која ќе ја забележи по пат, што го имал уште од дете, а вели дека тоа му се одразува и на точноста при појавувањето на снимањата.