Чен Лечаи банкротирал додека се обидувал да ги плати сите сметки за лекувањето на неговиот син, се додека властите од малото градче не решиле да му помогнат да застане на свои нозе.

31-годишниот татко отворил продавница за тестенини во Чангзхоу, Јиангсу минатата недела за да може да го плати лекувањето на неговиот 2-годишен син, на кој минатата година му бил дијагностициран аутизам.

Децата кои имаат лесна форма на аутизам имаат проблеми со социјалната интеракција, комуникација и однесување, но во повеќе случаи тие се способни да водат самостоен живот со помош на редовна терапија.

Откако синот на Чен ја добил оваа дијагноза, Чен бил отпуштен од три работни места поради тоа што морал да зема отсуство за да му прави друштво на синот, додека е на терапии. Тој почнал да продава вода на излезот од метро станицата во Нанџинг и до него стоел натпис дека продава вода за да собере пари за неговиот болен син, но луѓето мислеле дека е измамник и продавал само по 30 шишиња за 4 дена.

Семејството на Чен има долг од 7.300 долари, поради тоа што се потребни по 1.000 долари месечно за терапијата на детето. Чен одбил донации од невладини организации и социјална помош затоа што сакал сам со свој труд да му помогне на синот.

Поради тоа што Чен е поранешен готвач, општината му понудила да отвори ресторан за тестенини во еден ненаселен дел од градот. Но благодарение на социјалните мрежи веста за приказната на Чен се проширила и уште првиот ден кога го отворил штандот продал илјадници порции тестенини, по што бил приморан и да затвори привремено за да оди во набавка.

„Се чувствувам нервозен што толку многу луѓе доаѓаат да ги јадат моите тестенини. Се надевам дека доаѓаат и поради моите кулинарски способности а не само поради проблемот кој го имам,“ вели Чен.

 

 

Сподели на Facebook
пати видено