Луѓето се обидуваат да го предвидат времето илјадници години. Доколку мислите дека тој проблем е решен, тогаш зошто доколку отвориме 3 различни апликации за времето на нашиот мобилен ќе покажат различни временски прогнози? Колку е тешко да се предвиди времето?
Дури и експертите се согласуваат дека метеорологијата е повеќе „уметност а не наука“. Апликациите за времето се исти како и прогнозите на телевизијата, кои ретко кога се совпаѓаат. Тоа е затоа што секоја апликација или станица користи свои системи и формули за да ја предвиди метеоролошката иднина.
Метеорологот Џеф Мастерс е основач на Weather Underground и тој вели: „Започнувате со истите фундаментални математички равенки кои го регулираат движењето на атмосферата. Но, кодирањето е различно.“
Секоја временска прогноза започнува со исти необработени податоци, кои што се земаат од сателитите, радарите и метеоролошки станици низ целиот свет. Оттаму, тие треба да одлучат како да ги обработуваат тие податоци и кои варијабли ќе бидат релевантни за секоја дадена ситуација.
Без разлика на каналот што го гледате, веб-страницата што ја посетувате или апликацијата што ја преземате, ќе морате да направите простор за мала грешка. Метеоролозите ги нарекуваат своите прогнози „насоки“, а не „иднината“. Некои апликации се попрецизни, но се зависи од тоа што сакате Вашата апликација да содржи.