Сите сме минале низ тоа. Ве бркаат, ве прободуваат, ве застрелуваат или гледате нешто ужасно – сѐ додека не се разбудите испаничени.

nightmaregif

Никој не сака да сонува насилни или страшни сништа, но овие ноќни визии можеби играат важна улога во зачувувањето на вашето ментално здравје. Како што објаснува ова ново видео од Њујорк Магазин, наречено „Добрата страна на лошите сништа“, некои истражувачи тврдат дека лошите сништа слушат како форма на опуштање, овозможувајќи ни да се ослободиме од стресот и вознемиреноста кои нѐ оптеретуваат на јаве.

„Нештата коишто најмногу нѐ загрижуваат додека сме будни продолжуваат да ни тежат и кога спиеме“, објаснува видеото. „Вашиот несвесен мозок ги зема апстрактните стравови и грижи и ги поврзува во приказни во вид на кошмари.“

Еве како функционира тоа; Ноќната мора зема страв и го претвора во сеќавање. Ова е полезно, бидејќи умот полесно се справува со сеќавањата бидејќи тие претставуваат нешто конкретно што се случило во минатото, а не неопределена вознемиреност од светот кој нѐ опкружува.

Па така, доколку сте еден од осумте возрасни коишто понекогаш сонуваат ноќни мори, не грижете се премногу за тоа. Тоа само вашиот мозок ги остава вашите стравови зад вас.

Сподели на Facebook
пати видено