Чиро Ортиз не е типичен психотерапевт. Додека некои земаат стотици долари за една сеанса, една консултација кај него чини само два долари. Неговиот кабинет се наоѓа во њујоршкото метро и има доста ограничено работно време – од 12 до 14 часа во неделата. И згора на сѐ, тој има само 11 години. Ортиз сѐ уште не е ни во гимназија, но веќе има свој „кабинет“ на метро станица во Бруклин, каде што дели совети за подобрување на емоционалната состојба на секој кој има потреба за тоа. Њујорчани трчаат да седнат на неговата маса за да слушнат некој негов совет.

c01

Неговите родители Џасмин Аекитас и Адам Ортиз велат дека нивниот син секогаш бил позрел од останатите деца на негова возраст. И тоа за жал било причина за извесни непријатности пред неколку години. Но, наместо проблемите да предизвикаат гнев кајн него, Ортиз станал дете кај кое останатите малтретирани деца се обраќаат за совет. Така тој решил своите услуги да ги понуди за пошироката јавност, за да придонесе со нешто на општеството и да заработи малку.

c03

Неодамна Чиро ја наместил својата маса на станицата Бедфорд во њујоршкото метро. За два долари тој нуди петминутини совети на клиенти на кои им е потребна брза консултација. Во добри денови момчето заработува околу 50 долари, што воопшто не е лошо за едно попладне работа.

Како ги троши заработените пари? Неговите родители споделуваат дека голем дел од парите троши за да им купува храна на децата на училиште кои не можат да си го дозволат тоа.

c02

Клиентите на Ортиз му се обраќаат за совет по најразлични прашања – од семејни расправии до справување со стресот, но момчето вели дека најчесто бараат совет од него за тоа како да се справат со промените. Неговиот совет е: „Тие треба да се прифатат. Тие ќе се случат, секогаш е така. Животот постојано се менува. Два долари, молам“.

Сподели на Facebook
пати видено