Секој прднува од 10 до 20 пати дневно. И иако тоа се чини како нешто срамно и што би посакале да не се случува, секој прдеж всушност е знак на здрав систем за варење. Но, не сечиј прдеж е ист – и неговата миризба може да ви каже нешто за вашето внатрешно здравје. Понекогаш може да биде гласен и без мирис, понекога може да мириса повеќе. Е понекогаш знае да биде тивок и смртоносен. За некои луѓе прдежите секогаш мирисаат на расипани јајца, а кај други е без некоја миризба.
Д-р Мајрон Бренд ќе ви објасни што значи тоа. Колку за почеток, лиши вести доколку сте на диета: здравата храна значи посмрдливи прдежи. Но, без грижа, како што вели тој.
„Смрдливоста на гасовите не е нешто лошо, тоа е само функција на тоа што го јадете и тоа што го прават бактериите во вашиот хранопровод. Кај секого тоа е различно. Голем дел од гасовите кои ги испуштаме во текот на денот е јаглерод диоксид, кој најчесто е без мирис. Еден отсто отпаѓа на водороден сулфид, кој се ослободува од храните богати со сулфур. Подуеноста станува предмет за загриженост кај докторите доколку таа е предизвикана од хемиска реакција во стомакот, или од бактерии во стомакот.
Смрдливите гасови вообичаено се предизвикани од храна која не е сварена соодветно – главно јаглхидрати. Кога тие не се апсорбирани доволно во цревата, делови од нив остануваат во желудникот и ферментираат.
Зошто некои луѓе имаат посмрдливи гасови?
„Некои луѓе се производители на метан, а други произведуваат водороден сулфид – што предизвикува гасовите да мирисаат на расипани јајца. Сето тоа е последица на тоа што го јадете“, вели д-р Бренд.
Меѓу прехранбените производи и пијалоци кои најмногу предизвикуваат смрдливи гасови пред сѐ спаѓаат производите богати со јаглехидрати, како на пример пивото, разни сокови, овошјето и зеленчукот богати со фруктоза и сулфур како јаболката, крушите, лубеницата, зелката, кромид, лук, печурки житните производи како леб, тестенини, млечните производи итн.