Нема многу убедливи докази дека крвта на младите ќе го забави стареењето кај старите луѓе. Сепак, очигледно има доволно докази за енигматични организации кои плаќаат огромни суми за крвта на тинејџерите, само во случај кога, всушност, лекот за старост навистина би постоел.
Како што било истакнато во „Сандеј тајмс“, тинејџерската крв е во голема побарувачка во делови од САД сега, со индивидуални инјекции кои чинат и до 7.940 долари. Во 2016 година компанија наречена Амброзија, чие име произлегува од митската, храна за давање бесмртност од грчките легенди, изјавила дека ќе започне истражување каде што постарите Американци ќе добијат млада крв, а нивниот биолошки одговор на тоа ќе биде следен од нив.
Иако постојат докази дека овој процес функционира кај глувци, многу повеќе работи треба да се направат преку рецензирани истражувања за да се потврди дека истото важи и за луѓето. Имало многу критики за Амброзија во тој период. Конкретно немале контролна група и учесниците не требало да бидат толку стари за да учествуваат, бидејќи минималната возраст била 35 години, а исто така секој учесник во исражувањето требал да плати по 8.000 долари.
100 испитанци се согласиле со условите и оттогаш примаат инјекции со крв од млади лица. Младата крв доаѓа од регистрирани крвни банки, и речиси е сигурно дека парите што ги даваат испитуваните субјекти, барем делумно, плаќаат за овие необично вредни шишиња.
Во изјавата за новинарите, водечкиот лекар на проектот Џеси Кармазин тврди дека истражувањето во моментов е успешно. Тој изјавил дека „тоа е како пластична хирургија одвнатре“, што искрено звучи страшно. Тој исто така додал „Јас не сум во групата која вели дека ова ќе обезбеди бесмртност, но мислам дека доаѓа прилично блиску, во суштина.“
Веројатно вреди да се укаже дека животниот век е бинарна работа: можете или да бидете бесмртни или сте смртни. Вие не можете да бидете речиси бесмртни, бидејќи, тоа сепак ќе резултира со смрт. Во секој случај, без оглед што кажува ова истражување би требало сите да го гледаме со доза на скептицизам, бидејќи извонредни тврдења, бараат извонредни докази.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.