Кога анатомичарите од викторијанското време сакале да ѕирнат под кожата на некое живо суштество, тие немале друг избор освен да исечат предметот на нивното проучување, бидејќи рентгенското снимање и магнетната резонанца многу подоцна станале за лабораториите. Денес научниците можат да видат што има во телата без воопшто да мораат да ги отворат, но технологијата за визуелизација сѐ уште не може да даде реалистична слика.

gl01

И така, за да ни дадат нов начин за увид во телата на живите организми, истражувачите пристапиле кон тоа телата да ги направат целосно проѕирни. Идејата за отстранување на бојата од органските структури постои веќе неколку години, но истражувачи од Германија велат дека го пронашле најефективниот метод за ова. Овие глувци не само што се проѕирни, туку и светкаат во темнина. Покрај тоа, телата на овие глувци се намалени на третина од нивната поранешна големина, така што научниците пред себе имаат мал, проѕирен глушец кој во мракот светкаат со зелена боја.

gl02

За да се направи проѕирен глушец, истражувачите првин ја отстрануваат кожата. Потоа почнуваат да инјектираат и да го полеваат животното со серија хемикалии, како дехидрирачки агенси и органски разредувачи. Овој процес трае неколку денови, бидејќи постепено ја отстранува водата и липидите од клетките на глушецот. Процесот на дехидрација е тоа што предизвикува глушецот да се смали, а отстранувањето на липидите е тоа што глушецот го прави проѕирен. Крајниот резултат е глушец со своите внатрешни структури – дури и коските – воопшто недопрени и речиси целосно видливи за голо око. Со обојување на органските системи кои се предмет на проучување со флуоресцентни протеини, истражувачите можат да направат еден вид мапа на различните структури во глушецот, како вените или невроните во мозокот и `рбетниот мозок. Оваа своја техника истражувачите ја нарекуваат uDISCO, а веќе се направени и тестови врз мали парчиња човечко ткиво.

Сподели на Facebook
пати видено