Кристина Естрада, поранешна топ манекенка, ја одбила понудата од 45 милиони евра кои нејзиниот бивш сопруг, саудискиот милионер д-р Валид Џуфали, ѝ ги понудил како отштета за бракоразводната парница и побарала 238 милиони. Во судницата таа ијавила дека бара повеќе од 66 милиони евра за имот и буџет од 1,2 милиони евра годишно за облека, вклучувајќи 50 000 евра за крзнени бунди, 132 000 евра за фустани и 25 400 фунти за чевли – секоја година!

mn01 mn02

Г-ѓа Естрада имала доста емотивен настап пред Лондонскиот виш суд, со удирања во масата, солзи и паузи да се утеши. Во еден момент му се втренчила на Џастин Варшау, застапникот на д-р Џуфали:

„Јас сум Кристина Естрада! Јас бев меѓународна топ манекенка! Јас живеев таков живот! Јас сум навикната на ова!“

mn03

Г-н Варшау сугерирал дека личниот имот на нејзиниот бивш сопруг изнесувал само 27 милиони евра, плус компанија во вредност од 116,6 милиони евра и ако таа сака да добие 238 милиони евра, ќе треба да земе од нејзините ќерки. Естрада на тоа кажала: „Ма, не верувам дека е така.“

mn04 mn05

Адвокатот на нејзиниот сопруг ѝ кажал: „Не ги сакате парите на Вашите деца, зар не?“

„Не!“- одговорила Естрада, за потоа да раскаже за телефонскиот разговор кој го имала со нејзината „збунета“ ќерка, која била во посета на нејзиниот татко во болница во Цирих, каде што се лекувал од рак. Како што раскажува Естрада, тој на нивната ќерка ѝ кажал дека му останало само 1,2 милиони. „Ѝ кажал дека сакал да ѝ купи голема куќа во Лондон, но бидејќи јас сум барала пари, ќе мора да се задоволи со мала куќа. И потоа ми кажа – мамичке, ти мене ќе ме направиш сиромашна девојка!“

mn06 mn07 mn08

Сподели на Facebook
пати видено