Забележано е дека луѓето од оваа крвна група отсекогаш играле важна улога во општеството. Крвната група 0 е првичната крвна група на нашите предци коишто биле итри, агресивни предатори. Често се верува дека уникатноста на овие луѓе се должи на тоа што нашите предци биле ловци кои морале да набљудуваат и точно да ја проценат околината за да можат да преживеат.
Луѓето со крвна група 0 имаат неверојатни квалитети, како енергија и способност да се фокусираат, квалитети коишто се неопходни за лидерство, продуктивност и проактивност. Нивното генетско наследство им ја дава можноста да бидат силни, продуктивни, да бидат ведри и оптимистични и да живеат долг живот.
Јапонците ја асоцираат оваа крвна група со определен вид на личност. Луѓето со крвна група 0 најчесто се опишувани како посветени, организирани, фокусирани , одговорни, свесни и практични. Се верува дека подобро им оди логиката и подобро се ориентираат.
Сепак, нездравите навики и зголемениот стрес, несоодветната исхрана, недостатокот од физичка активност, сето тоа може да ги направи пречувствителни и да предизвика негативни ефекти, меѓу кои отпорност на инсулин, ниска активност на тироидната жлезда и прекумерна тежина. Кога се под стрес, можат да станат гневни, хиперактивни и импулсивни. Стресот може да биде предизвикан од прекумерен гнев и хиперактивност.
Луѓето со оваа крвна група имаат предиспозиции за определени болести, како чирови и дисфункција на тироидната жлезда. Тие имаат повисоко нивно на стомачни киселини од другите крвни типови, што често резултира со стомачна надразнетост и чирови во стомакот.
Исто така, луѓето со крвната група 0 често имаат ниско ниво на тироиден хормон и јод, хемиски елемент чијашто единствена функција е да ги регулира тироидните хормони. Ова може да предизвика многу странични ефекти како прекумерна тежина, подуеност и замор.
Доколку и вие припаѓате на оваа крвна група, во оваа статија ќе можете да прочитате важни совети за да го подобрите вашето здравје и вашето секојдневие.
Јадете разновидна храна и секогаш трудете се да џвакате бавно и релаксирано.
Избегнувајте кофеин и алкохол. Кофеинот може да биде особено штетен поради зголемувањето на нивото на адреналин, кој и така е висок кај луѓето со оваа крвна група.
За да можете да го опуштите вашето тело, вежбањето е од пресудно значење. Луѓето со крвна група 0 мораат да бидат физички активни повеќе од останатите крвни групи, за да ја одржат својата телесна и умствена стабилност. Се препорачува физичка активност три до четири пати неделно.
За да избегнете импулсивни реакции, поставете си јасни цели, било тие да се годишни, месечни, неделни или дневни планови. Ако претерано сте уморни, депресивни и ви е досадно, станувате поранливи на деструктивното однесување, како импулсивното однесување, трагањето по возбуди, коцкањето и ризично однесуваање. Кога сте под стрес, избегнувајте да донесувате важни решенија и да трошите пари.