Ако мислите дека знаете сѐ за турбуленцијата, безбедноста и храната во авионот, можеби ќе бидете изненадени од некои факти споделени од самите пилоти. Дури и најчестите авионски патници можеби не знаат дека утринските летови вообичаено се помирни додека некои потскокливи слетувања намерно се изведуваат така од безбедносни причини. А што се однесува до параноичните летачи, можеби е подобро да не знаете дека пилотите спијат за време на летањето и дека најмалку еднаш годишно некој авион ќе биде поголнет од молња. Но, ете, ви кажавме!

av01

Понекогаш авионите се расипуваат

Иако сакаме да мислиме дека авионите никогаш не откажуваат, особено кога сме во нив, всушност постои изненадувачки висок број на случаи со дефекти, како снемување струја во пилотската кабина, откажување на батеријата, а се случува авионите да летаат со само половина од своите мотори. Во повеќето случаи, дефектите се поправаат пред полетувањет или се надминуваат во текот на летот.

Слетувањето може намерно да биде потскокливо

Речиси секој кој летал со авион доживеал потреси при слетувањето, но понекогаш тие потреси се намерни од страна на пилотот. Понекогаш пилотот мора да слета особено тешко за да спречи лизгање на авионот. Особено кога врне, авионот мора да удри силно за да ја разбие водената површина на пистата. Со оглед на тоа дека половина од сите инциденти и несреќи се случуваат за време на слетувањет, можеби имате право да сте загрижени.

av02

Пилотите заспиваат за време на летот

Вознемирувачи е да се помисли дека пилотот би можел да заспие во исто време кога заспивате и вие, но и тоа се случува. Во 2012 година, анкета на здружението на пилоти покажала дека повеќе од половината пилоти заспале додека управуваат со авион. Иако ова е страшно за слушање, на пилотите им се дозволува да направат пауза и нивниот копилот го презема управувањето. За летовите коишто траат пократко од 10 часа и 30 минути, со авионот управуваат само двајца пилоти, додека за летовите кои траат подолго, се зема и дополнителен пилот, за секој од пилотите да биде одморен за слетувањето.

av03

Утринските летови се најмирни

Доколку ве загрижува турбуленцијата, тогаш утринскиот лет би можел да биде вашиот најдобар избор. Најчесто невремето се случува попладне, за да се расчисти во текот на ноќта, што значи дека времето наутро најчесто е најмалку ветровито. Постудените температури исто така помагаат, бидејќи кревањето на топлиот воздух од земјата предизвикува турбуленции во летот.

av04

Пилотите јадат различно јадење

Пилотите веројатно никогаш нема да имаат потреба да се пожалат за јадењето во авионот, бидејќи на нив никогаш не им се служи подгревана храна како на патниците во економската класа. Наместо тоа, на нив им се служи специјално подготвена храна, слично како и на патниците во бизнис класата. Некои пилоти си носат и своја храна. За да се намали ризикот од труење со храна, капетанот и копилотот вообичаено јадат различна храна.

Речиси секој авион може да го погоди молња

На почетокот на оваа година, патник кој летал со Кореан Ерлајнс го снимил мигот кога молња го погодила крилото на авионот. И покрај оваа драматична сцена, авионот не бил оштетен од молњата. Ваквите инциденти се чести, но во повеќето случаи авионот не претрпува голема штета.

av05

Во маската со кислород има воздух за само 15 минути

Во итна ситуација, на голема височина, имате само неколку секудни да ја ставите маската пред да се онесвестите. Дури и ако го сторите тоа, ќе ви останат само 15 минути воздух преку маската со кислород. Во меѓувреме од пилотот се очекува да успее да го спушти авионот доволно ниско за маската повеќе да не ви биде потребна.

Сподели на Facebook
пати видено