Сигурно и вие познавате некој човек кој по цел ден мисли како да дојде до брзи пари без да работи, но Андреј Ајхман од Москва е врв. Откако некој објавил негова фотографија на социјалните мрежи со објаснување дека овој дечко постојано се шета по метрото и од луѓето бара пари за да си купи карта за до дома, се јави и просјакот, за да си го одбрани лебот.

Се испостави дека Андреј Ајхман всушност е горд што се сетил на ваков начин да „заработува“ пари. Тој дури не се срами и да се пофали со фотографиите од своите патувања во сите светски метрополи, што може да си ги дозволи од својата дебела заработувачка.

Сподели на Facebook
пати видено