Постојат многу теории за настанувањето на луѓето, од верувањата дека вонземјани го донеле животот на земјата, до тоа дека еден Бог го создал целиот свет. Теоријата која денес е признаета од науката е теоријата на еволуцијата, која смета дека луѓето еволуирале, т.е. се развиле во тоа што се сега, од своите мајмунолики предци. Таа еволуција се случила во текот на стотици илјади години во Африка, кадешто и настанал Homo Sapiens – разумниот човек, видот на кој денес му припаѓаат сител луѓе. Затоа се вели дека Африка е лулка на човештвото.

h

Хомо сапиенс од Африка се раширил и на останатите контитенти. Луѓето прво се рашириле во Европа и Азија, па потоа преминале и на Северна и Јужна Америка и Австралија. Минуваето во Америка се случило преку Беринговиот мореуз, така што чекале морето да замрзне, или пак, како што сметаат некои научници, нивото на морето тогаш било пониско и постоел земјен премин. Населувањето на Австралија претставувало поголем подвиг, бидејќи тогашните луѓе морале да прават чамци или бродови, да заобиколат многу острови за од Азија да стигнат во Австралија, но сепак тоа на крајот им успеало. Сето тоа научниците го откриле проучувајќи ги фосилите, коските и посмртните останки шурм светот, пресметувајќи колку се стари, каде се наоѓаат, како умреле, како биле погребани итн. Фосилите можат многу да ни кажат за начинот на живеење на тогашните луѓе. Тогашните луѓе по изглед не се разликувале многу од од денешните, освен тоа што телесно биле поразвиени, бидејќи морале целиот живот да го минуваат во движење. Покрај фосилите, научниците ги проучуваат и другите остатоци, како што се орудијата и оружјата коишто тогашните луѓе ги употребувале, ракотворбите, цртежите итн.

Најмногу од тие остатоци, како што е и логично, ги има во Африка, и тие се најстарите. Африка просто врие од остатоци од прастарите луѓе од пред неколку милиони години, па некои од тие наоѓалишта станале и вистински туристички атракции. Потоа остатоци повремено се појавуваат и во Европа, Азија итн. и на тој начин лесно може да се следи движењето на човекот низ контитентите.

Интересно е тоа што во Африка настанал не само хомо сапиенсот, туку и останатите хомо видови, т.е. роднините на современиот човек, кои изумреле. Тука спаѓаат homo erectus (исправениот човек), Homo neanderthalensis (неандерталците), Homo habilis итн. Без хомо сапиенс, вкупно ги имало четиринаесет и сите изумреле. Некои науници сметаат дека ги имало многу повеќе, но дека нивните трагови и останки допрва треба да се пронајдат. Тие припадници на родото хомо исто така се ширеле по другите континенти. Неандерталците живееле во Европа, додека хомо еректус стигнал дури до Азија. Откриено е дека тие добро владееле со алатите, користеле оган, па дури имале и уметност, но сето тоа на пониско ниво во споредба со хомо сапиенсот. Некои од нив дури живееле и во исто време како и нашите предци, но со нив не се мешале. Барем така сметаше науката до неодамна, сѐ додека не беше откриено дека кај современите луѓе има 1 до 4 неандерталски гени. Тоа е тоа што науката го знае до овој миг, а не се знае што сѐ ново ќе се открие во иднина.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено