Посетителите на зоолошката градина во општинскиот парк на Каиро, Египет останале малку збунети кога дошле до кафезот со зебри.

Студентот Махмут Шархани решил да ги фотографира „зебрите“ и да ги објави на социјалните мрежи за да покаже какви „егзотични“ животни има во оваа зоолошка градина.

За да заштеди на пари зоолошката си направила едноставен трик. Земале неколку магариња и ги обоиле црно-бели. Така зоолошката градина си добила „зебри“. Неколку ветеринари кои ги виделе фотографиите поврдиле дека дефинитивно не станува збор за зебри туку за магариња, но директорот на зоолошката градина, Мухамед Султан упорно тврди дека не се работи за „натрапници“.

Ова не е првпат зоолошката градина да наслика магариња да личат на зебри. Зоолошката градина е Газа насликала две бели магариња да изгледаат како зебри во 2009 година.

Сопственикот на зоолошката градина ги оправдал „украсените“ животни велејќи дека би чинело голема сума на пари за криумчарење на животните во Газа поради израелските ограничувања за увоз на живи животни.

Во друг случај на измама, зоолошката градина во Кина ги изнервирала посетителите, обидувајќи се да ги убеди дека влакнесто куче е лав во 2013 година. Кога еден посетен отишол до кафезот на „лавот“ во зоолошката градина во Лухе, град во Хенан, слушнал гласно лаење. Излегло дека „лавот“ било куче од расата тибетски мастиф.

Сподели на Facebook
пати видено