Албанските власти се повикани да преземат акција против приватниот „сафари парк од пеколот“, откако нови фотографии ги изложија шокантните услови на зоолошката градина.
Фотографиите снимени во зоолошката градина „Сафари парк“ во Фиер, југозападна Албанија, покажуваат прегладнет лав кој живее во тесни услови со инфицирано, повредено око. Исто така и други животни, меѓу кои и зебра, слаб волк и неколку елени, кои се затворени во тесни кафези, а во еден од кафезите имало и обично куче.
Фотографиите, наводно, биле направени од анонимен фотограф, решен да ги изложи условите во зоолошката градина. Фотографот тврди дека ветеринарите кои го посетиле објектот опишале дека тоа се „некои од најлошите услови за благосостојба на животните што некогаш ги виделе“.
Тие изјавиле: „Сите животни се чуваат во мали, нехигиенски бетонски кафези без можност да се повлечат од елементите или од љубопитните очи на посетителите во зоолошката градина. Животните страдаат од широк спектар на физички и психолошки проблеми предизвикани од мизерни услови, несоодветна ветеринарна заштита и недостаток на соодветна исхрана.“
Фотографот вели дека, освен животните видени на фотографиите, има и мечка и мајмуни, како и три возрасни лавови кои се смета дека живеат таму од младенчиња.
Меѓународната организација за благосостојба на животните „Четири шепи“, која во последниве години е активна во Албанија, ја нарече ситуацијата во зоолошката градина „апсолутно неприфатлива“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!