Зоолошката градина на Синсинати го прослави првото раѓање на животно во нивната зоолошка во 2016 година, при што станува збор за син пингвин. Бидејќи во петок се падна роденденот и на Елсвис Присли и на Дејвид Боуви, а зоолошкаа веќе има пингвин наречен „Крал“, решиле новото пингвинче да биде наречено „Боуви“. Пингвинчето се излегло во шест часот наутро во петок, тежејќи помалку од 46 грама. Музичката легенда Дејвид Боуви почина во недела, на возраст од шеесет и девет години.