Зоки Поки многу време сакал да му купат точак. Еден ден се враќа од училиште и ѝ вели на мајка си која била сама дома и почнал да ја моли да си играат семејство. Мајката не сакала, но Зоки почнал:
– Ајде оди во спалната и соблекувај се и легнувај!
– Како така бе Зоки, јас сум ти мајка!
– Не, ќе играме и точка! – Бил многу упорен Зоки.
По кратко молење мајката се согласила и отишла во спалната.
По некоја минута Зоки ја отвора вратата со удар со ногата и извикува:
– Што си легнала и мислиш само на се*с мори, оди да му купиш на детето еден точак!