Секој има своја дефиниција за смислен и исполнет живот, но постојат и некои општопризнати верувања за тоа како животот не би требало да се живее. Овие 10 знаци ќе ви откријат дека својот живот и своето време ги трошите на погрешни нешта.

10

1. Често приговарате

Дали често се жалите на својата работа, шефот, платата, соседот или брачниот партнер? Ако одговорот е „да“, тогаш поголемиот дел од своето време ширите негативна енергија. Негативноста никогаш ништо нема да промени, туку само ќе направи да не се помрднете од место. Затоа, променете го начинот на своето размилсување и говорете повеќе за тоа за што сте благодарни во животот, а не за тоа што не го сакате во вашиот живот.

2. Не го храните својот ум

Ако постојано не се развивате како личност и не учите нови нешта, тоа значи дека заостанувате, исто како мирно езеро на чија површина се создава зелен талог. Слично се случува и со нашиот ум ако не го одржуваме во активност и не учиме нови нешта. Позитивните предизвици во животот ќе ви го прошират умот.

3. Често говорите негативно за себеси

„И ако мислите дека можете, и ако мислите дека не можете – и во двата случаи сте во право“, мудро кажал Хенри Форд. Ако сами на себеси си велите дека не сте доволно умни за да ве унапредат на работа или да започнете свој бизнис – ќе бидете во право. Ако самите на себе си велите дека сте премногу уморни за промени во животот, во право сте. Тоа што си го велите себеси станува вашата реалност. Затоа внимателно бирајте што ќе си кажете на себеси, бидејќи вашите мисли и вашиот живот се едно.

4. Не ја планирате својата иднина

Секогаш е најдобро да се живее сега, во овој миг, но понекогаш треба да се мисли и за иднината за да знаете каде одите. Ако немате цел или план, тогаш сте како брод кој бесцилно плови по океанот, надевајќи се дека ќе заврши на некое добро место. Но, вие не би смееле да живеете така. Морате да направите сопствен водич во кој чекор по чекор ќе разработите план кој ќе ве доведе до таму каде што сакате да бидете.

5. Премногу време минувате со луѓе кои не придонесуваат на вашиот развој

Лесно ни се случува да заглавиме со луѓе кои не нѐ прават подобра личност. Ако премногу време минувате со такви личности, ќе стагнирате и тие ќе ве повлечат надолу со себе. Тие луѓе во секојдневниот говор се познати како „енергетски вампири“. Го цицаат животот од вас, а за возврат не ви даваат ништо позитивно. Побарајте го друштвото на луѓе крај кои ќе се развивате како личност.

6. Зависни сте од вашиот мобилен

Размислете за тоа колку време минувате на вашиот мобилен и за тоа како таа ваша зависност влијае на вашите односи со другите луѓе. Можеби праќате SMS или пребарувате по интернет додека вечерате со сопругата и децата. Ако го правите тоа, пропуштате време кое би можеле да го минете со вашите најмили или време кое би можеле да го минете во планирање на вашата иднина.

7. Трошите пари на неважни работи

Постои разлика меѓу потребите и желбите, но современото општество сѐ повеќе ја брише таа разлика. Многу луѓе трошат пари на најновите технолошки играчки, автомобили, а им недостасуваат пари за основните животни потреби. Ако застанете и размислите малку, ќе сфатите дека всушност ни треба малку. Храна, вода, покрив над главата и љубовта се најважните работи. Сѐ друго се само бонуси. Затоа, размислете на што сѐ трошите и дали не е подобро тие пари да ги вложите во нешто што ќе направи некоја позитивна промена во вашиот живот, или едноставно да се обидете да заштедите за вашата иднина.

8. Не спиете доволно

Спиењето е нужно за доброто здравје. Ако не можете да се наспиете бидејќи имате премногу работа или едноставно имате навика да останувате до доцна, би требало да ги преиспитате вашите навики.

9. Не се грижите за вашето тело

Урамнотежената и здрава исхрана и движењто имаат и други позитивни учиноци покрај губењето на телесната тежина. Здравите навики влијаат и на менталното здравје, како и на тоа воопшто да се чувствуваме добро. Размислете за својата исхрана и количеството на телесна активност. Би можеле да сфатите дека некои ситни промени можат наголемо да ви го подобрат животот.

10. Не излегувате од својата зона на удобност

„Животот почнува тогаш кога ќе излезете од зоната во која се чувствувате удобно и сигурно“, вели една стара мудрост. Затоа, одважете се на ризикот кој би можел да ви го подобри животот, но притоа имајте на ум дека има разлика меѓу ризик и пресметан ризик. Било каков ризик е несигурна работа, но пресметаниот ризик значи дека добро сте ги извагале своите опции и сте смислиле добар, разумен план на дејствување.

Сподели на Facebook
пати видено