Пред два месеци, семејството Де Лука од Тампа, Флорида, го спасиле германскиот овчар Хас од локалната шинтерска служба. Но, набргу Хас ја возвратил услугата. Пред неколку дена, 7-годишната Моли Де Лука си играла во дворот со Хас, кога се случило нешто страшно. Во дворот влегла змија отровница и опасно се приближила до Моли.

kc01

Без двоумење, Хас скокнал пред Моли и ја заштитил од змијата. На семејството отпрвин не им било сосема јасно што се случило, но веднаш забележале дека нешто му се случило на кучето. Тоа крварело и веднаш го однеле на ветеринар. Доња Де Лука изјавила: „Тој продолжи да скока напред-назад…и го стори тоа три пати. Можеше да избега, но не го стори тоа.“ Кучето се поставило меѓу девојчето и змијата, спасувајќи го животот на детето.

kc02

Ветеринарите му ја избричиле ногата и забележале траги од три гризнувања. Отровот му ги оштетил бубрезите, но докторите верувале дека ќе му биде добро. Сепак, трошоците за лекувањето нема да бидат евтини. Секој ден во ветеринарниот центар ќе ги чини меѓу 1000 и 1500 долари, а трошокот за антиотровот чини 618 долари.

kc03

Семејството поставило GoFundMe страница со цел да соберат средства за лекување на пожртвуваното куче. Целната сума изнесувала 28 000 долари, но досега успеале да соберат речиси двојно повеќе.

Како и да е, кучето ја заслужува сега грижа и нега, бидејќи уште еднаш докажало дека кучето е најдобар пријател на човекот.

Сподели на Facebook
пати видено