Со бланширана руса коса и облечена во младешка облека, таа си отпатувала во едно мало рударско село во плизина на Понтиприд, на секого обраќајќи му се со „драг“ со нејзиниот силен австралиски акцент, раскажувајќи дека избегала од нејзиниот сопруг откако тој ја претепал. Била вдомена од женско добротворно здружение. „Морав да почнам од ништо“, му кажала на еден посетител на нејзиниот луксузен стан.

Во наизглед невината и мирна средина на Бедај, Јужен Велс, Ан Абин направила нешто неверојатно. Седумдесет и четиригодишната пензионерка која тврди дека била поранешна манекенка наречена Ли од Австралија и кабаре ѕвезда која некогаш била омажена за милионер.

skr01 skr02

Но во реалноста, како што се испоставило оваа недела, вистината не би можела да биде подалеку од тоа. Ан, ќерка на велшки рудар, не е Австралијка и никогаш не била манекенка. Нејзиниот сопруг Џон со сигурност не бил милионер, и ако некој тепал, се чини дека тоа била Ан.

Неколку недели откако во болница починала од рак, скелетот на нејзиниот сопруг бил најден во градината зад двокатната зграда кадешто живеела. По обдукцијата било утврдено дека претрпел удар со тап предмет во главата.

skr03

Телото на поранешниот сметководител било најдено завиткано во најлон и осумнаесет години криено во двособниот стан пред на крајот да биде фрлено во близина на контејнерот за смет. Сега Ан е главниот осомничен за злосторството. Но, ова невообичаено злосторство покренало многу повеќе прашања, особено кај тие кои мислеле дека ја познавале. Виолета Скот, 75-годишната сосетка, вели: „Таа секогаш беше многу забавна, беже многу жива и пријателски расположена. Длабоко сум шокирана од пресвртот на настаните. Ме потсетуваше на г-ѓа Една Евериџ. Беше толку силен карактер. Секогаш мафташе со рацете кога зборуваше и на сите се обраќаше со `драг, драга`.“

Друга пријателка додава: „Не можам да поверувам. Секогаш знаев дека е екцентрична, но ова е неверојатно.“ Ан го негувала таткото на таа пријателка во неговите последни денови.

„Тој живееше во истата зграда со неа, и таа одвојуваше од нејзиниот живот за да го негува. Ништо не ѝ беше тешко. Не можам да поверувам дека таа го убила својата сопруг и го криела неговото тело сиве овие години.“

skr05

Секако, нејзиниот изглед на весела пензионерка воопшто не одговара со страотното откритие по нејзината смрт. До времето на нејзината смрт, Ан Сабин се отуѓила од целото свое семејство, вклучувајќи ги и нејзините возрасни деца кои сега живеат во Нов Зеланд. Таа и Џон емигрирале таму во текот на шеесеттите пред да ги напуштат нивните два сина и три ќерки во државна градинка во Оукленд и да се вратат во Велика Британија без нив.

skr04

Кога во 1997 година, Џон, ветеран од Корејската војна, исчезнал без траг, на никој не му недостигал и никој не известил за неговото исчезнување.

„Таа никогаш не зборуваше за нејзиниот сопруг“, раскажува една пријателка. „Само еднаш кажа дека тој е копиле, и тоа беше сѐ“

По истрагата се утврдило дека Ан имала проблематично детство и била напуштена од нејзината мајка на петгодишна возраст, што понатаму се одразило на нејзиниот севкупен психички развој.

Зошто го убила човекот кој со неа бил и во добро и во зло, сега за сега останува непознато.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено