Човек од Индија, кој платил 16730 долари за кошула од чисто злато и поради тоа бил наречен „Златниот Човек“, бил претепан до смрт. 48-годишниот лихвар Дата Пуг од западен Пун наводно бил наместен од 12 луѓе во четврток вечерта, кои го удирале со српови и камења. Неговиот 22-годишен син бил присутен за време на инцидентот и врз основата на неговото сведочење, полицијата привела четворица на испрашување.
Наводните убијци ги поканиле таткото и синот на роденденска забава во областа Диги, соопштува локалната полиција. Убиството се случило како резултат на расправија за пари. Пуг се прославил во 2013 година откако нарачал да му се направи кошула од злато, поради која најмил тим од 15 златари кои му ја направиле кошулата за две недели, работејќи по 16 часа на ден.
Тој објаснил дека ја набавил кошулата за да ги привлекува жените.
„Знам дека сум најзгодниот маж во светот, но со сигурност ниедна жена не би можела да ѝ одолее на оваа кошула. Отсекогаш сум сонувал за ваква кошула“, изјавил Индиецот. Но, се чини дека кошулата му излегла многу поскапо.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!