Судот во Џорџија, САД, пресуди дека ѕиркањето под здолниште не е против законот откако вработен во продавница кој бил фатен како снима под здолништето на една жена бил ослободен од обвинението. Брендон Ли Гери, вработен во ланецот супермаркети „Пабликс“, бил снимен од камерите за видео надзор како ги снима интимните делови под здолништето на една жена додека таа разгледувала по полиците.

Но, додека повеќето луѓе би кажале дека скришното снимање на најинтимните женски делови е грозно нарушување на приватноста, апелациониот суд во Џорџија не се согласува со тоа и го ослободил од обвинението за нарушување на приватноста. Судот заклучил дека ѕиркањето под здолниште не е опфатено со Законот за нарушување на приватноста на државата Џорџија, кој забранува набљудување или снимање на друга личност на јавно или приватно место без нејзина согласност. Законодавците сега покренуваат брза постапка за промена на законот со цел изрично да се спомне и снимањето на интимни делови на телото без согласност. Но, дотогаш, сѐ додека тоа не се наведе во законот, ѕиркањето и снимањето под женските фустани е – сосема законско. Додека да се направи таа измена, Џорџија ќе биде рај за воајерите.

gl01 gl02 gl03 gl04 gl05

Сподели на Facebook
пати видено