Древниот град Авила се наоѓа во централна Шпанија, во автономната област Кастилја и Леон, околу 100 километри западно од Мадрид. Сметан за еден од најдобро оградените со ѕидини градови во Европа. Авила е изграден врз карпеста висорамнина која што се издига во средината на гола рамнина опкружена со раскошни планини. Нејзиниот 2500 метри долг ѕид е речиси недопрен.

Авила некогаш била дел од римската Лузитанија, пред да падне пред арапските и берберските освојувачи во 714 година н.е. Во следните три и пол векови северните ибериски христијански кралства обидувале да ја повратат контролата врз градот, но кралот Алфонско VI од Леон и Кастилја бил тој најпосле успеал да ги победи муслиманите во 1088 година. Кралот веднаш почнал да гради голем камен ѕид околу Авила за да го заштити градот од идни напади. Работата била надгледувана од неговиот зет Рејмонд од Бургундија.

az01

Ѕидовите на Авила е впечатлива преграда од камен и гранит со должина од 2.5 километри кој го опкружува речиси правоаголниот облик на градот. Ѕидините се дебели 3 метри и високи 12 метри. Ѕидовите се засилени со осумдесет и осум полукружни кули, распоредени на рамномерно растојание. Во градот се влегува преку осум порти. Порано имало ров и насип пред ѕидините, но тие повеќе не постојат. Огромното утврдување било завршено за помалку од една деценија.

Областа која е затворена со ѕидините денес се нарекува Стар Град, и содржи значајни споменици на културата меѓу кои Готската катедрала, манастирот Св. Томас во која се положени останките на Томас де Торкемада, кој бил првиот голем инквизитор на Шпанија, како и на Дон Хуан, единствениот син на Фердинанд и Изабела, а исто така и неколку романескни цркви.

Денес е возможно да се шета по половина од вкупната должина на ѕидините. Ноќе тие се целосно осветлени со халогени светилки, со што ова е најголемиот целосно осветлен споменик во светот. Во 1985 година градот Авила бил прогласен за светско наследство на УНЕСКО.

az02 az03 az04 az05 az06 az07 az08 az09 az10 http://fotolitoss.blogspot.com/ az12 az13 az14 az15

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено