Мојсеј Менделсон, дедото на познатиот германски композитор, во никој случај не можел да се нарече убавец. Освен што бил доста низок, тој имал и грпка. Еднаш Мојсеј посетил еден хамбургски трговец кој имал прекрасна ќерка по име Фрумти. Мојсеј безнадежно се вљубил во неа. Но на Фрумти непривлечниот физички изглед на Мојсеј и бил одбивен.
Кога дошло време да си оди, Мојсеј собрал храброст и се искачил по скалите до собата и за последен пат се обидел да разговара со неа. Таа била убава како божица, но му го скршила срцето бидејќи не сакала ниту да го погледне. По неколку неуспешни обиди да започне разговор, Мојсеј срамежливо прашал:
– Дали верувате дека браковите се предодредени на небото?
На тоа Фрумти одговорила:
– Да, а ти ?
Тогаш Мојсеј и раскажал инетересна приказна:
– И јас исто така. Таму горе, на небото, при раѓањето на секое момче, Бог му соопштува за која девојка ќе се ожени. Кога се родив, Бог ја посочи мојата идна сопруга, а потоа додаде: „Но жена ти ќе има грпка.“ Бев ужаснат, му реков: „О, Боже, жена со грпка би била вистинска трагедија. Те молам, Господи, дај ми ја грпката на мене, а таа нека биде убава.“
Тогаш Фрумти ја кренала главата и го погледнала директно во очите како да била воодушевена од некој одамна заборавен спомен. Таа му ја подала раката на Мојсеј, а подоцна станала негова посветена сопруга.