Главниот човек на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ќе се соочи со поранешниот тим, вечерва на УЕФА Супер Купот во Скопје. Португалскиот шеф го презеде Бернабе во 2010 година, пред да замине во 2013 година, откако освои само една Ла Лига и Копа дел Реј. Мурињо го напушти Мадрид поради лошите односи со клучните играчи, како Икер Касиљас, Кристијано Роналдо и Серхио Рамос.
Но, пред вечерашниот тежок натпревар, Мурињо инсистира на тоа дека го напуштил Мадрид прилично „смирено“.
„Заминав чувствувајќи се прилично смирено и чувствував дека немам што повеќе да дадам. Можам искрено да кажам дека му дадов повеќе на Реал Мадрид од кој било друг клуб досега. Заминав со мир во умот, заминав без да сакам да го извадам валканото платно.“, изјавил Жозе Мурињо.
Мурињо не успеа да ја освои Лигата на шампионите со Мадрид, но Реал оттогаш успеа да освои три европски титули, две од нив под раководството на Зинедин Зидан.
На прашањето каква е разликата помеѓу неговиот поранешен тим и сегашниот, Мурињо одговорил: „Основната разлика е тоа што кога пристигнав, тие не беа на врвот од групата. Тоа беше тим кој и покрај сета своја историја, не можеше да го надмине четвртфиналето. Нивните најважни играчи никогаш не играа во полуфиналето на Лигата на шампионите.“