Сан Педро се наоѓа во срцето на планинскиот град Ла Паз, во западниот дел на Боливија, 3.500 метри високо на Андите. Сан Педро затворот е најголемиот затвор во Боливија, но тоа не е едниствената работа што го прави овој затвор чуден.
Сан Педро го чуваат стражари само од надворешната страна, за да не избега некој од затворениците, а внатре затворениците сами се снаоѓаат за живот. Затворениците плаќаат влезници за затворот, а потоа ги купуваат ќелиите од „затворските градоначалници“ или преку „хонорарен агент за недвижнини“.
Затворениците имаат воспоставено функционално општеството со систем на власт. Тие избираат осум претставници, по еден за секој оддел во затворот. Секој оддел има свој мал совет кој донесува одлуки. Голем дел од затворениците во Сан Педро живеат заедно со своите жени и деца во затвор. Постојат околу 200 деца кои живеат со нивните татковци, во ова место.
Децата во затворот се под постојана опасност, но силувачите и педофилите се третираат со брутална политика на нулта толеранција од страна на затворениците и тие обично ги дават во малиот базен на овој затвор. Условите во затворот се различни во секој оддел. Во најсиромашниот дел по 3-4 затвореници делат една ќелија.
Додека пак во луксузниот дел, наречен Ла Поста, живеат политичарите и наркобосовите, кои што имаат приватно купатило, кујна и кабловска телевизија. Животот во Ла Поста чини од 1.000 до 1.500 долари и многу луѓе не можат да си го дозволат овој дел од затворот.
Сан Педро има своја економија и затворениците работат како сопственици на продавници, продавачи на храна, пастири, бербери, столари, чевлари, а исто така има и лаборатории за кокаин и најчистиот кокаин во земјата се прави и продава токму во овој затвор.
Некои од затворениците заработуваат од трговија со алкохол, а исто така популарно е и коцкањето, така што на годишно ниво се трошат и по 20.000 долари на облози за фудбалски натпревари.
Доколку сакате да го посетите овој затвор, треба да знаете дека турите се можни уште од 1990 година, иако се нелегални. Илјадници туристи го посетиле затворот до сега поради тоа што чуварите примаат мито.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!