Јулија Стакхива, 23, ќерка на украински милијардер која сега живее и студира во Мејфе, Лондон ја добила својата прва Луј Витон чанта на 9 години, а сега има гардероба вредна над 1,5 милиони фунти.

Животниот стил на Јулија е финансиран од страна на нејзините родители кои станале милионери водејќи повеќе компании во Украина.

01

Јулија рече:”Постои голем притисок врз мене, бидејќи моите родители очекуваат од мене да постигнам повеќе отколку што треба. Сакаат да бидам убава, паметна, елегантна, образована, треба да бидам совршена. Еден ден ќе треба да го превземам семејниот бизнис и ќе треба да го задржам и да бидам успешна како моите родители.“

02

Споделувајќи детали од својот приватен живот на Инстаграм таа стана многу популарна. Покрај многуте фанови, таа признава и дека има многу хејтери.

„Многу луѓе ми велат дека ме мразат затоа што сум богата, но јас не го избрав овој начин на живот, јас сум така родена“

03

„Секој може да биде богат, но не секој може да биде убав.
Во моите кругови има многу богати луѓе и знам дека богатите луѓе не се љубоморни на чевли и чанти – тие се љубоморни на изгледот на другите луѓе.
Затоа за мене е важно да изгледам убаво, да бидам слаба и да имам убава коса.“

04

Во средно училиште, Јулија, имала личен тренер и нутриционист, кој ја ставил на строга диета, избегнувала јаглехидрати и слатки во текот на неделата. Но во сабота таа смеела да јаде се. Секоја година таа оди во приватна германска клиника и прави детоксикација.

Кога наполнила 18 години родителите и дозволиле да направи козметичка хирургија.

„Моите родители ја разбираат мојата желба за совршенство. Да се биде здрав и да се има добар изглед е најважната работа на светот.
Пластична хирургија е апсолутна неопходност за мене, тоа е инвестирање во себе.“

05

Таа вели: „Не постојат добри козметичари и фризери во Лондон. Многу е полесно да прелетам со авион до Москва на неколку месеци и да ги добијам сите мои третмани. Кога имаш пари, имаш слобода и не постојат граници.“

06

„Патувам низ светот и престојувам само во најлуксузните хотели. Не смеам да престојувам во хотел со 3 ѕвездички, затоа што моите родители ќе бидат загрижени за мојата безбедност. Секогаш со мене има и асистент кој се грижи пример да не сум многу пијана кога сум надвор.“

07

08

3351185200000578-3547280-Julia_from_Kensington_got_her_first_Louis_Vuitton_handbag_at_age-m-16_1461058945134.jpg

335117F100000578-3547280-image-a-64_1461056482522

3351184200000578-3547280-image-a-75_1461056547647

Сподели на Facebook
пати видено