Ан Хамилтон Берн била гламурозна, харизматична и манијакална предводничка на злогласниот австралиски култ наречен „Семејството“. Како една од ретките жени лидери на култ, таа се убедила себеси и своите околу 500 следбеници дека е инкарнација на Исус Христос. Под влијание на дрогата LSD, Берн верувала дека апокалиптичната војна е неизбежна и поради тоа имала должност да собира новороденчиња за да ги подготви за новиот свет.

„Примивме повик – и ќе бидат сторени големи нешта“, вели таа во документарниот филм наречен „Семејството“, кој ќе биде објавен на 23 февруари. Таа собирала момчиња и девојчиња и ги одгледувала на нејзиниот посед во Лејк Еилдон во централна Викторија. Сето ова се случувало во текот на 1970-тите и 1980-тите.

hm01

Некои од децата биле земени преку сомнителни посвојувања, други биле родени од страна на самите членови на култот. Сите деца биле облекувани исто, косата им била бланширана и потстрижана исто. Наводно биле изгладнувани, малтретирани и инјектирани со LSD за време на страшните ритуали на иницијација.

„Сакав да изгледаат како браќа и сестри – го признавам тоа“, вели таа во своето интервју, во кое споделува за нејзината застрашувачка „љубов кон овие деца“. Запрашана зошто држала 28 деца заробени повеќе од две децении, таа одговара: „Па јас сакам деца.“

hm02

Родена како Евелин Едвардс во Сејл, Викторија во 1921, Хамилтон-Берн едвај го познавала својот татко, а мајка ѝ била ментално болна. Кога го запознала високо ценетиот англиски физичар д-р Рејнор Џонсон во 1963 година, таа работела како јога инструктор. Заедно тие ја основале сектата и почнале да „посвојуваат“ деца со цел да создадат „раса надлуѓе“, проповедајќи комбинација од христијанство и хиндуизам.

hm03

Некогашните деца ги опишуваат овие искуства како ужасни. Биле тепани со ремен до исцрпување. Во 1987 година властите спасиле шест трауматизирани луѓе од имотот на сектата откако две деца успеале да избегаат и да пријават во полиција. Поради правни компликации, Хамилтон-Берн и нејзиниот сопруг биле осудени само за измама во врска со изводите од матичната книга на родените, избегнувајќи затворска казна и морајќи да платат по 5000 долари.

hm04

Хамилтон-Берн сега има 96 години и живее во старечки дом за луѓе со деменција.

hm10

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено