Од првите денови на аматерско и професионално кревање тегови па се до неговото напредување како меѓународна акциона филмска ѕвезда, Арнолд Шварценегер е сила која треба да се има предвид. Еве ги неговите најблескави моменти прикажани низ фотографии.
До служењето на воениот рок во австриската армија, Шварценегер воопшто не излегол од своето родно село.
Кога ја освоил наградата „Јуниор мистер на Европа во 1065г. Арнолд Шварценегер сфатил дека би можел да патува низ светот.
Првин се преселил во Лондон за да тренира со судијата на „Мистер Универзум“, Чарлс Бенет.
Потоа станал најмладиот Мистер Универзум во 1967г. кога имал дваесет години.
По бодибилдингот, Шварценегер го снимил и ја играл главната улога во документарниот филм „Пумпање железо“.
Неговата кариера како меѓународна филмска ѕвезда почнала со филмови како „Варваринот Конан“, во 1982г.
Својот успех го зациментира со улогата во „Терминатор“ на Џемс Камерон.
Во осумдесеттите следуваа серија филмски успеси.
Во деведесеттите го прошири својот опус со „Полицаец од градинката“ и други хит комедии.
Бројните појавувања на шоуто „Во живо во сабота навечер“ како и во други вечерни програми сигурно помогнаа.
По стекнувањето со американско државјанство во 1983г. Шварценегер учествувал во кампањите на Реган и Буш.
Со сопствеништвото на места како Планет Холивуд, се покажа и како остроумен бизнисмен.
И покрај тоа што ги прошири своите дејности, Шварценегер цело време го одржа својот статус на акциона филмска ѕвезда…
…со појавувањето во филмови како „Бетмен и Робин“ и „Последниот акционен херој“…
…и постојаните мускулести појавувања во „Тунајт шоу“ и други комични емисии.
Вистинската промена се случи кога во 2003г. Шварценегер беше избран за гувернер на Калифорнија.
По завршувањето на неговиот втор мандат во 2011г. Шварценегер се разведе од неговата сопруга Марија Шривер.
Но и покрај тоа, „Гувернаторот“ ја обнови својата интернационална слава со нови комедии.
Како и со враќањето на акционите корени со филмови како „Платеници“…
…и нови филмски авантури како „Саботажа“.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.