Новороденчето го пронашле ѓубреџиите непосредно пред да го испразнат контејнерот во камионот за ѓубре. Бебето било завиткано во фармерки, ставено во кеса за ѓубре и фрлено во контејнерот. Полицијата на Јужна Африка успеа да ја пронајде мајката, која сега е уапсена и обвинета за обид за убиство.
Откако полицијата ги објави фотографиите на Фејсбук, во коментари пристигнале дури 420 барања за посвојување од луѓето кои очајно сакаат да имаат дете а не успеваат да добијат.