Додека Чак Норис го прославува неговиот 75-ти роденден, неговите фанови се навраќаат на плодниот живот на американскиот мајстор на боречки вештини, актер, продуцент, сценарист и автор. Норис останува еден од омилените интернетски симболи на мажественоста и цврстината, чест која сепак можеби и навистина ја заслужува.
Еве неколку животни лекции од животот на Чак Норис, од кои сите би можеле да научиме нешто.
Избери нешто и стани навистина добар во тоа
Чак Норис не бил роден како мајстор на боречки вештини каков што е познат денес, морал да се помачи и напорно да работи да стане тоа.
Во боречките вештини за прв пат се вљубил за време на служењето војска во редовите на водушните сили на САД, распоредени во Јужна Кореја. Кога се вратил во САД, почнал да се натпреварува на турнири во боречки вештини, и првите два настапи ги изгубил. Иако обесхрабрен, Норис продолжил да тренира. Во 1968 ја освоил шампионската титула во професионално карате во среднотешка категорија и ја држел шест години.
Спријатели се со Брус Ли и дозволи му да те убие
Чак Норис бил добар пријател со Брус Ли и често се борел и одржувал тренинзи со него.
Во 1972г. Ли го убедил Норис да го игра неговиот најголем непријател во филмот „Враќањето на змејот“. Големиот успех на филмот го поттикнал Норис целосно да се посвети на актерството.
Развиј најразлични таленти
Не задоволувајќи се само со владеењето на боречките вештини, Норис се решил да ги освои и другите сфери на актерството. Во текот на период од 20 години играл во серија епски акциони филмови како „Авантурист“ и „Делта одред“ , но најголемата слава ја стекнува со неговата главна улога во телевизиската серија „Вокер, тексашкиот ренџер.“
Сам создавај си ги правилата
Својата кариера во боречките вештини Чак Норис ја почнал со изучување на стилот Тан Су До. Сакајќи да се усоврши и надгради, го следел примерот на неговиот пријател Брус Ли и искомбинирал неколку боречки стилови во еден, нарекувајќи го својот нов стил со името Чун Кук До. Централен дел на овој стил е неговиот „кодекс на честа“, збир правила кои личноста ја водат низ боречките вештини, но и низ животот.
Изгледај сигурен во себе
Чак Норис околу себе шири непобитна аура на самодоверба. Од неговата препознатлива брада до неговото мајсторство во боречките вештини, тој остава силен впечаток со својот наметлив стил на самостојна личност.
Спријатели се со претседателот
Спријатели се со претседателот
Чак Норис го вложил својот успех во денес добро познатите врски со Републиканската партија и без разлика дали се согласувате со него или не, својот јавен имиџ го искористил во промовирање на тоа што верувал дека е важно и правилно.
Стани интернет сензација
Од 2005г. навака, Чак Норис се претвори во интернет икона, олицетворувајќи неприкосновена машкост преку серија сатирични фактоиди познати како „факти“ за Чак Норис.
Напиши книга
Како и сите славни личности, и Чак Норис го промовирал стекнатиот имиџ преку серија мемоари и книги, па дури и ја прифатил интернетската слава со „Официјалната книга со факти за Чак Норис“ која ги вбројува неговите омилени факти за Чак Норис.
Чувај си ги своите теории на заговор за себе
За жал, не сѐ што сторил Чак Норис е супер прифатено од мејнстримот. Некои од неговите политички верувања ја преминуваат границата и по малку го извалкале неговиот јавен имиџ.