За многу луѓе, нивните дваесетти се време на слобода и забава, но исто така и на несигурност. А понекогаш и не увидуваме што сме научиле сѐ додека не погледнеме наназад – ретроспективата може да биде многу убава работа. Можеби ќе ви се чини дека трпите серија од порази по порази, но важно е да запомните дека сѐ уште ги откривате работите. Еве некои најважни работи кои треба да ги знаете.

lkc

1. Никому не му е грижа за вас. И ова не во лоша смисла, туку дека треба да престанете да се грижите  што другите мислат за вас бидејќи и не мислат, сите се преокупирани со сопствените животи. Бркајте работа и никој нема да ви суди.

2. Ако сакате да направите нешто, едноставно направете го. Животот со каење не е многу забавен, а вие сте во вашите дваесетти, добро време да преземате ризици бидејќи немате толку многу обврски и одговорности какви што ќе имате подоцна во животот.

3. Стекнете навика да вежбате и да водите здрав живот. Иднината ќе ви благодари за тоа.

4. После вашите триесетти светот нема да ви простува за вашите порази како сега. Затоа опуштете се и не очајувајте за грешките.

5. И можеби најважното што треба да се научи е дека никој не е совршен и тоа е сосема во ред. Прифатете дека си имате недостатоци. Тоа не значи дека не морате да се обидувате да ги поправите.

Сподели на Facebook
пати видено