Кога се родила Лавиниа Варен во 1841, нејзините родители не се ни посомневале дека нешто не е во ред со нивната ќерка. Но, кога девојчето било на возраст од 4 години тие забележале дека таа не расте како останатите деца, по што лекарите заклучиле дека Лавиниа ќе биде со џуџест раст. Сепак тие не ја дискриминирале нивната ќерка и направиле се за да има нормален живот. Лавиниа готвела, учела, а на 16 години станала и учителка. Една од најпосакуваните форми на забава во текот на викторијанскиот период била изложбата на т.н. „изроди“, монструозности или чудеса на природата. Лавиниа еден ден станала дел од оваа „забава“ по ново име, „Лилипутанската кралица“.
Лавиниа, кога била на посета на нејзиниот братучед во Мисисипи добила предлог да настапува на бродот, поседуван од нејзиниот братучед, во програма наречена „Музеј на живи чуда“. Тогаш таа го добила нејзиното ново име и задачата и била да игра, да пее и да ги забавува гостите. Понекогаш таа ја делела сцената со Силвија Харди, „најголемата жена“ од Мејн со која Лавинија станала блиска пријатела. Публиката беше заробена од харизма на Лавинија и со нетрпение го очекувале нејзиниот настап, па до крајот на летото таа станала ѕвезда.
Во 1862 година таа почнала да настапува за П.Т. Барнум и нејзината слава се зголемила, а исто така имала и многу додворувачи поради нејзината харизма. Но, Лавиниа ги одбила сите, се додека не добила предог од Чарлс Стратон, јавно познат под името Том Палецот. Том се заљубил во Лавиниа и го замолил својот шеф Барнум да ја убеди да се омажи за него, а за возврат ќе му дозволи нивната венчавка да биде јавна. Барнум успеал да ја убеди Лавиниа да се омажи за Том.
Свадбената церемонија била прилично гламурозна и намерно интригантна за очите на јавноста. Таа се оджала во црква во Њујорк, на Бродвеј, а приемот се одржал во екстравагантниот Метрополитен Хотел. Венчаницата на Лавиниа била нарачана, дизајнирана од Мадам Деморест, една од најбараните модни дизајнерки во тоа време. Минијатурната венчаница била изложена неколку недели пред свадбата за да го привлече интересот на јавноста. На свадбата присуствувале 10.000 гости, а голем дел од нив плаќале по 50 долари за да ја гледаат свадбата. Биле повикани и новинари од весниците Saturday Evening Post и New York Times.
Подароците вклучувале скапоцени камења, минијатурна маса за билијард и кочија од кралицата Викторија. Дури и претседателот Линколн сакал да се запознае со нив, но кога го запознала Лавиниа не била воодушевена, па дури и била навредена затоа што сметала дека ги исмева за нивната висина. Лавина и Том живееле раскошен живот 20 години. Том починал во 1883 година, а Лавина банкротирала. Подоцна таа се омажила за „Гроф“ Примо Магри, кој исто така бил со џуџест раст. Таа починала во 1919 година и по нејзина желба била погребана до нејзиниот пв сопруг Том.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.