Њујорк има повеќе милијардери од било кој друг град во светот. Меѓу нив се, медиумскиот магнат Руперт Мардок, рускиот Роман Абрамович, Мајкл Блумберг, Стивен Коен, Декстер Гои, Бил Акман, Хуан Бекман Видал и Карлос Слим.

Каде живеат тие и со колкав имот располагаат?

 

Руперт Мардок

 

Медиумскиот магнат ужива во неверојатен триплекс, сместен во станбена зграда на One Medison, од 58-от до 60-от кат, купен во 2014 година во вредност од 57 милиони долари.На површина од 637 квадратни метри, трите ката се поврзани со спирални скали, прозори од стакло и базен на долниот кат.

 

Роман Абрамович

 

Рускиот бизнисмен Роман Абрамович, чие богатство се мери со 9 милијарди долари,  доби дозвола од Комисијата за заштита на паркови да ги приспои куќите под број 1, 13 и 15 на 75-та улица во една целина со површина од 1672 квадратни метри. Нацрт проектот предвидува 7 купатила, пространа градина со базен и декоративни елементи од стакло и бронза.

 

Бил Акман

Американскиот инвеститор и извршен директор на Першинг Сквер, живее во стан вреден 91.5 милиони долари. На површина од 929 квадратни метри, станот има поглед кон Централниот парк.

 

Хуан Бекман Видал

Сопственикот на брендот текила Jose Cuervo, го купил својот стан во највисокиот облакодер во Њујорк, на улица 432 Парк Авенија, за 46,26 милиони долари во 2013 година. Неговиот апартман има поглед кој воодушевуа и софистициран ентериер.

 

Мајкл Блумберг

10-от најбогат човек на светот и поранешен градоначалник на Њујорк, живее во куќа на улица 19 Ист 79. Како и повеќето и тој не се задоволува со еден имот, па сопственик е на шест станови во близина како и една куќа од соништата која е сеуште во изградба.

 

Декстер Гои

Извршниот директор на канцеларијата на Altice, Декстер Гои  неодамна доби дозвола да ја прошири сцојата куќа со соседната, на западната улица 11, со површина од  1021 квадратни метри. Имотот го купил во вредност од 31 милион долари.  Тој има во план комплетна реставрација, што ќе го чини дополнителни 1.3 милиони долари.

 

Стивен Коен

Сопственикот на Поинт 72 и Sac Capitol Advisors, Стивен Коен располага со имот вреден 67.5 милиони долари. Станот се простира на 4 ката во 6-катна зграда, во план за реконструкциа.

 

Карлос Слим

Уште еден милијардер кој може да се стави во листата на 10 најбогати луѓе во светот, кој ја купи куќата на војводата Бенџамин која се наоѓа спроти Музејот на уметноста. Тој одвои 44 милиони долари, за еден од најлуксузните манисони со поглед кон Централниот парк. Оваа позната градба ја красат знаменитости како рачно резбани дрвени скалила и автентични балкони.

Сподели на Facebook
пати видено