Ајрис Скот, уметница од Бруклин, ги фрлила четките и палетата и ги употребува најтрадиционалните алатки за сликање на сите времиња – нејзините прсти. Нејзините живописни платна со дебели слоеви маслени бои прикажуваат мокри кучиња, сонливи градски пејсажи и мирни сцени. „Нема ништо помеѓу мене и бојата, ги чувствувам сите мали нијанси“, вели Скот. „Можам да ја манипулирам густата боја со моите прсти на начини на коишто четките никогаш не би можеле.“ Употребувањето на прстите на секое нејзино дело му носи единствено чувство, што искомбинирано со речиси 100 различни нијанси во секое од нив, воопшто не е за изненадување што секое нејзино платно е толку заводливо.