Можеби ќе звучи како нешто од филмот „Симпсонови“ или „Под куполата“ на Стивен Кинг, но жителите на овој град во државата Вермонт навистина планирале да го покријат нивниот град со џиновска пластична купола. Првичната причина за ова било драстичното намалување на трошоците за затоплување. Винуски во тоа време бил сиромашен град со 7000 жители. Годишните трошоци за овој град изнесувале 4 милиони долари.
Градскиот совет првин ја одбил идејата…додека да слушнат за парите. Одделот за урбан развој на САД предвидувал фонд за нови концепти на вдомување и урбан развој, така што градењето на купола над градот значело прилив на средства од овој фонд.
Градот и медиумите ја прифатиле идејата за купола над Винуски. Иако проблемите околу овој проект се очигледни, проектот не бил запрен од здравиот разум и логика, туку поради претседателските избори.
Претседателот Џими Картер се соочувал со тешка борба за реизбор со новиот кандидат Роналд Реган. Сакајќи на својот противник да му даде што е можно помалку поводи за критика, Картер му наредил на Одделот за урбан развој да го сопре финансирањето на проектот.
Еве како денес изгледа Винуски. Куполата дефинитивно би го уништила убавиот поглед.