Се појави застрашувачка снимка на која се гледа како џихадист од ИСИС пука рафали кон кафуле во Париз за време на терористичките напади во Париз,по што безмилосниот дивјак се обидува да ги убие луѓето од непосредна близина, откако тие благодарение на нивната храброст и инстинкт за преживување се спасија од неговиот прв напад.
На снимката се гледа неверојатнат среќа на млада жена која денес ќе беше мртва доколку не му се заглавила пушката на терористот, со што ѝ се укажа шанса да избега. Полицијата верува дека таа е најсреќната личност која се спаси од психопатското дивеење во кое загинаа 129 луѓе, а 99-мина беа тешко ранети.