Група на луѓе имале забава во куќа во Боцвана, но одеднаш се кренала тревога дека сите треба да избегаат што е можно побрзо. Неколку секунди подоцна во куќата се урнал авион.

За среќа сите 50-тина луѓе избегале од куќата каде што се прославувало раѓањето на бебе во семејството, а потоа дознале дека за малку ќе ги изгубеле своите животи поради бизарна причина.

Јужноафрикански пилот, Чарл Вилјоем, претходно тој ден пристигнал на забавата и почнал да се расправа со својата сопруга. Во еден момент тој ѝ удрил шлаканица на сопругата и останатите гости му кажале веднаш да ја напушти забавата.

Околу 6 часот попладне, еден од гостите, пријател на пилотот, примил повик од него. Тој го прашал дали неговата сопруга е сѐ уште на забавата и според сведокот звучел „суицидно“.

Човекот веднаш им кажал на гостите сите да ја напуштат куќата и да бегаат што е можно пдалеку, а веднаш потоа авионот „влетал“ во неа.

За среќа нема сериозно повредени од гостите, а единствената жртва е пилотот, кој управувал со авионот. Чарл и неговата сопруга веќе 10 години живееле во Боцвана.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено