22-годишна Американка била згмечена до смрт откако преку отворениот прозорец на нејзиниот автомобил ја повлекол лав додека разгледувала во сафари парк во Јужна Африка. Туристкат аи нејзиниот водич тргнале на рутинско возење во резерватот во близина на Јоханесбург. Сведоците виделе како гостите го сликале лавот на само метар раздалеченост кога лавот одеднаш скокнал и ја гризнал жената преку отворениот прозорец.
Персоналот на паркот се стрчал да ја оттргне лавицата од младата жена и ѝ дале прва помош. Била повикана брза помош, но веќе не можело да се стори ништо.
Во март се случила слична несреќа и со турист од Австралија откако лав се вовлекол преку неговиот отворен прозорец. Во декември 2013 поранешниот рагби играч од Јужна Африка Бред Такер и неговото семејство биле нападнати од лав во истиот парк. Во паркот се наоѓаат над 85 големи мачки, вклучувајќи бели лавови, а покрај нив и други животни како жирафи и ноеви. Според веб страницата на паркот, на туристите им се нудат супер блиски глетки кон лавовите, но им се наредува сите прозорци да им бидат затворени.