Ова е морничавата видео снимка која прикажува како вооружениот убиец Николас Салвадор се шета низ северен Лондон за време на 45-минутното дивеење при кое ја обезглавил 82-годишната Палмира Силва, прабаба и сопственичка на италијански кафе бар, отсекувајќи ѝ ја главата со мачета. Параноидниот шизофреник бил снимен од полициски хеликоптер додека дивеел низ дворовите во Едмонтон, северен Лондон. Пред бесниот напад врз старата жена, разголениот Салвадор -чијшто прекар е Дебелиот Ник – обезглавил две мачки, само три куќи подалеку од домот на несреќната жена.
Лудиот убиец, кој исто така бил вооружен и со дрвен стап, потоа трчал како споулавен, уривајќи огради и клоцајќи во вратите на соседите, додека полицијата го надлетувала. Секунди по убивањето на г-ѓа Силва, масивно градениот двометарски убиец дошол на неколку метри од две деца кои си играле во дворот, коишто полицијата со очајни мерки успеала да ги предупреди и оддалечи.Имено, еден од полицајците скокнал на покрив и ги предупредил децата да бегаат колку што можат побрзо.
Неговото дивеење било толку бесно, што вооружената полиција почнала да крши прозорци за да ги спасува граѓаните. Лудакот едвај бил совладан, при што му одгризал дел од ногата на еден од полицајците. Салвадор, борец во кафез, верувал дека убива натприродни суштества, вклучувајќи го и Адолф Хитлер, „кој се вратил од мртвите“, кога започнал да убива во септември минатата година.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!