Овие сики го откриваат џет-сет стилот на руски бизнисмен кој оваа недела бил уапсен под сомнение дека е клучен играч во случај на трговија со човечки органи. 32-годишниот Борис Волфман претходно бил притворен во Турција под сомнение дека сакал да собира органи од сиромашните бегалци од Сирија и да ги продава на богати клиенти. Неговиот последен судир со законот се случил кога бил задржан во Тирана, Албанија, обвинет за инволвираност во трговија со човечки органи на потегот од Костарика, па сѐ до Косово. Социјалните медиуми откриваат како изгледа неговиот гламурозен живот со неговата жена , Украинката Јули Гуралник.

np np01

Тие со нивното дете уживаат во патувања со бизнис класа и луксузни одмори на егзотични локации како Тајланд и Рим. Се дознало дека Волфман поседува стан во Истанбул, како и станбена зграда на Медитеранот. И не се криел многу и покрај тоа што полицијата го слеела секој негов чекор во повеќе земји. Имено, тој поседува веб страница во која отворено се фали со неговата способност да ги заобиколи листите за чекање за луѓе на кои им е потребно пресадување на бубрег, срце или црн дроб. Веб страницата е поврзана со неговата компанија наречена Лешем Шамаим, или од еврејски преведено: „Во име на небесата“. „Тоа е Божја работа“, тврди тој, инсистирајќи дека не прекршил ниеден закон и одрекол дека се занимава со трговија со органи.

np03 np04

Неговото притворање оваа недела е поврзано со скандал со трговија со органи во Приштина, Косово, односно со незаконски трансплантации кои се изведувале во приватна клиника наречена „Медикус“. Сопствениците на клиниката добиле затворска казна од седум до осум години по судењето во 2013 година, а анестетичарот добил казна во траење од три години. Во 2012 Волфман бил апсен и во Израел, каде што исто така има државјанство, повторно за истата работа, и бил пуштен по две недели притвор.

np05 np06

На наводните донатори од Русија и други земји од бившиот советски сојуз им биле ветувани над 12 000 евра за продавање на бубрег, но на крајот им било платено помалку. Мисијата на владеење на правото на Европската унија во Косово (ЕУЛЕКС Косово) вели дека Волфман бил поврзан со синдикат кој извршил 30 незаконски операции. Покрај тоа, косовските медиуми известуваат дека трансакцискиите помеѓу две албански компании во сопственост на Волфман биле замрзнати под сомнение за перење пари.

np10

Сподели на Facebook
пати видено