Сите се добро запознаени со „No-Shave November“, кога голем дел од мажите ги пуштаат своите бради и не сакаат ниту да помислат на жилет. Епа жените сега смислиле своја верзија и се нарекува „Januhairy“ (Јан-влакнест) или подобро познат како „Влакнест јануари“.
Британската студентка Лаура Џексон ја започнала оваа кампања, чија што цел е жените да не ги отстрануваат влакната од телото во текот на месец јануари за да се подржи програмата Body Gossip која ги охрабрува сите да бидат најдобра верзија на самите себе. Жените веќе почнале да ги споделуваат своите резултати, па повелете на коментари.